Обвинителите на СЈО не знаат од кога ќе се вратат во матичните обвинителства

Фото: Слободен печат/Д. Митрески

Досегашните обвинители на Специјалното обвинителство немаат официјална информација од кога треба да се вратат во матичните обвинителстава.

-Претпоставувам од утре. Само имаме задолжение да ги преземе предметите на СЈО, така што ќе ве известиме – вели еден од обвинителите за „Слободен печат“.

Вкупно 12 обвинители повеќе не се дел од СЈО. Претседателот на Советот на јавните обвинители Ацо Колевски за „Слободен печат“ појаснува дека одлуките утре ќе ги достават до „Службен весник“, а во објавата ќе напоменат дека одлуката стапува веднаш на сила.

-Се уште ги подготвуваме одлуките. Штом бидат напишани, ќе бидат објавени во „Службен весник“, каде утре ќе бидат доставени. Јавно ќе објавиме и на веб сајтот, каде обвинителите ќе се инфомираат – изјави Ацо Колевски, претседателот на Советот на јавните обвинители.

Од „Службен весник“ велат дека можат одма да ја објават одлуката на Советот на јавните обвинители.

– „Службен весник“ се објавува речиси секој ден, по потреба. Штом пристигнат одлуките можеме да ги објавиме. Ако пристигнат утре, утре можеме да ги објавиме – изјави за „Слободен печат“ директорот на „Службен весник“, Мартин Костовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот