Обвинението за „Талир 2″ е паушално, смета одбраната на Груевски

Во случајот „Талир 2" обвинети се Никола Груевски и Кирил Божиновски, кои, според обвинението поднесено од поранешното СЈО, со злоупотреба на службената положба, овозможиле правното лице Бетон Скопје да го изгради седиштето на политичката партија.

Обвинителството во случајот „Талир 2″ во тек на судењето за овој предмет не презентираше никакви докази против првообвинетиот Никола Груевски, смета адвокатот Горан Каркински, кој беше назначен по службена должност да го брани првоообвинетиот Груевски.

Во своите завршни зборови во Основниот кривичен суд – Скопје, тој денеска изјави дека Обвинителството не презентирало ниту еден доказ, или сведок, за тоа за што го обвинува Никола Груевски (во бегство).

– Обвинителот во своите завршни зборови изврши измена на обвинението на кое не ни беше дадена можност за приложување на нови докази заради побивање на нивните тези што секако е повреда на постапката, наведе Каркински.

Воедно, тој додаде дека „обвинителот иако бегло при крајот на завршните зборови наведе дека обвинетите направиле корист за политичката партија” и за нив, како што рече, „истиот не посочи ништо повеќе од тоа, најмалку доказ”.

– Со тоа ја поткрепи тезата дека обвинението целосно е паушално и нереално, истакна Каркински.

Судењето за овој предмет го води судијката Даниела Алексовска Стојановска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Љубомир Лапе.

Во случајот „Талир 2” обвинети се Никола Груевски и Кирил Божиновски, кои, според обвинението поднесено од поранешното СЈО, со злоупотреба на службената положба, овозможиле правното лице Бетон Скопје да го изгради седиштето на политичката партија.

Претставник од ВМРО-ДПМНЕ повикан да дојде на судењето за „Талир 2“

 

 

 

 

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот