Претставник од ВМРО-ДПМНЕ повикан да дојде на судењето за „Талир 2“

Фото: МИА

Судијката Даниела Алексовска-Стојановска поради доуредување на полномоштвата на адвокатите и неприсуство на претставник на ВМРО-ДПМНЕ, го одложи процесот „Талир 2“ за 15 октомври во 9.30 часот.

– Барам за следното рочиште да биде повикан и претставник од ВМРО-ДПМНЕ бидејќи се преземени мерки за обезбедување на имотот и тие имаат право да учествуваат во постапката – рече обвинителката Ленче Ристоска.

Во случајот „Талир 2″ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот генерален секретар на владата Кирил Божиновски, кои, според обвинението на СЈО, со злоупотреба на службената положба, овозможиле правното лице ДГ Бетон АД Скопје да го изгради седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, иако правното лице во времето на обезбедување на услугата имало склучено договори за јавни набавки со државни органи и јавни установи или претпријатија спротивно на Законот за политички партии, Законот за финансирање на политички партии и Законот за облигациони односи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот