11 C
Скопје

Обвинение за противправно лишување од слобода на државјанка на Италија​

Основното јавно обвинителство Охрид поднесе Обвинителен предлог против две лица, на возраст од 19 и 20 години, за кои постои основано сомнение дека го сториле кривичното дело – Противправно лишување од слобода од член 140 став 1 во врска со член 22 во врска со член 45  од Кривичниот законик.

Обвинителството ги товари обвинетите соизвршители дека на 3 јули 2020 година  противправно ја лишиле од слобода и го ограничиле движењето на оштетената, државјанка на Република Италија. Првообвинетиот кој имал привремен престој во Италија, во државава пристигнал заедно со оштетената, со намера да ја убеди таа да склучи брак со второобвинетиот, негов роднина од Скопје, за да може и тој да замине во Италија. Откако пристигнале, тие ја заклучиле оштетената во стан во Охрид и се одалечиле во непознат правец. Настанот бил пријавен од  Амбасадата на Република Италија, по што двајцата обвинети биле пронајдени и лишени од слобода.

Прочитајте и...  Заврши виртуелниот Самит Македонија 2025

Поради постоење на опасност од бегство на обвинетите, како и можност да го повторат кривичното дело, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид заедно со обвинението достави и посебен предлог за продолжување на мерката притвор за двајцата обвинети.

Поврзани вести

Протест на тутунари пред откупен пункт во Струмичко

Слободен печат

Црна Гора останува на второ место во светот по бројот на заразени на милион жители

Слободен печат

Наредба од Нуредини: Итни и брзи мерки за санирање на последиците од депонијата Русино

Слободен печат

Експлодираше бомба во Пакистан: Најмалку едно лице загина, а седум се повредени

Слободен печат

Османи: Бучковски наредната недела заминува во Софија

Слободен печат

Бесплатна вакцина против сезонски грип примиле 9.815 граѓани

Слободен печат

Остави Коментар