Објектот на Матично прерасна во Младински центар

фото Миа

 На локација на која се наоѓаше некогашното матично, денеска беше отворен првиот Општински младински центар, кој симболично ќе го носи називот „Матично”. Новотворениот Младински ценатар ќе биде наменет за едукативни, културни и забавни настани за младите. Концерти, изложби, работилници, дебати и филмски проекции, ќе бидат само дел од предвидените активности во овој објект.

Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ истакна дека на младите центарци ова место ќе им понуди одлични услови, забава и едукација како и дека конечно ќе имаат простор кој ќе биде во нивна сопственост.

– Објектот на матично располага со голема конференциска сала која ќе се користи за одржување едуктивни и културно забавни настани центарот ќе има и читална, како и соба за релаксација. Доопремувањето ќе биде во зависност од тоа каква опрема ќе побараат самите организации, а ние како општина дополнително ќе вложиме средства. Многу сум задоволен што на иницијатива на градоначалникот на Град Скопје, но и на колегите и дел од луѓето кои што имаат спомени на ова место, успеаа да го задржат изгледот кој што го имавме на вредниот мебел, по кој беше препознатливо старото матично, изјави Богдановиќ.

Според него, целта на името е луѓето да се сеќаваат на старата просторија во која го кажале судбоносно „да”.

На церемонијалното отварање присуствуваше и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, според него ова е доказ за градење на инклузивно општеството.

– Горд сум што првиот ваков центар е баш во срцето на градот, градот Скопје и тоа како интензивно ги подржува младите во нашиот град. Ние неколку пати до сега ги имаме зголемено буџетските средства со кои ги подржуваме нашите млади од областа на спортот, културата, ги подддржуваме добрите ученици со стипендии и тоа се вистинските политики кои ќе ја подобрат иднината. Сметам дека младите треба да се вклучат во ваквии центри затоа што нивните активности ни помагаат на нас кои што ги водиме институциите и во нашите перспективи, изјави градоначалникот Шилегов.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски потенцира дека овој простор треба да биде пример и за останатите општини, да вложуваат во младинските центри преку кои ќе се подобрува стандардот кaј младите.

– За мене е чест и задоволство што заедно ги издигнуваме интересите на младите на највисоко ниво, подготвени да ги реализираме нивните цели, нивните барања и нивните права. Навистина ми е драго што Општина Центар го отвора овој младински центар во кој младите ќе организираат и реализираат својот потенцијал, ќе разменуваат идеи и со тоа ќе учествуваат во процесите на донесување на одлуки од кои тие се засегнати, рече Мојсоски.

Младинскиот центар „Матично” е конципиран согласно европските стандарди, а просторот ќе биде целосно инклузивен и ќе овозможи пристап за лицата со посебни потреби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот