Објавата на список за апсење на Срби само „долева масло на огнот“

Фото: Косово онлајн

За набљудувачите на актуелната ситуација во Косово, предизвикана од двонеделните барикади поставени од групи граѓани на северот на Косово, објавата на пратеникот Арменд Муја од движењето Самоопределување на Фејсбук само „долева масло на огнот“ во и онака тензични околности, објави RSE.

Имено, пратеникот на Самоопределување на својот Фејсбук профил напиша дека во Митровица има „неколку криминални групи“ кои според него ги „провоцираат граѓаните на Косово и државата Косово“. Дополнително, отиде чекор подалеку и по име кажа неколку лица за кои рече дека стојат зад барикадите подигнати на север. Тој препорача и „нивно апсење“.

Инаку Ехат Мифтарај, извршен директор на Косовскиот институт за правда, коментира дека официјален Белград со различни методи ја дестабилизира ситуацијата на северот на Косово. Но, според него, властите во Косово се поделени и мора да се однесуваат според хиерархијата.

„Политичарите во никој случај не треба да определуваат одредени лица како лица кои треба да бидат уапсени или кривично гонети. Оваа надлежност, оваа власт им припаѓа само на институциите кои имаат законски мандат. Тоа остава простор и можност за недоразбирања, за погрешни толкувања, било од српска страна , или од страна на земји кои не се пријатели на Косово. Ова е аматерски чин, кој не требаше да се случи“, изјави Мифтарај за РСЕ.

Експертот за политички процеси, Артан Мухаџири, професор по социологија на Универзитетот во Приштина, оценува дека од институционална гледна точка воопшто не треба да се дава ваква изјава, бидејќи тоа е надвор од парламентарната надлежност.

„Она што е евидентно е дека оваа изјава е популистичка, дека има тенденција да го поткопува институционалниот пат, кој треба да биде преку обвинителството и другите безбедносни институции, додаде тој.

Пратеник на Самоопределување објави список на Срби кои треба да се уапсат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот