Пратеник на Самоопределување објави список на Срби кои треба да се уапсат

Фото: Fejsbuk/ Armend Muja

Пратеникот на Самоопределување Арменд Муја на својот Фејсбук профил објави список на Срби кои според него треба да бидат уапсени бидејќи се „организатори на српскиот протест во северните општини“.

„Цивилната заштита формирана од Горан Ракиќ, Игор Симиќ, Славко Симиќ, Милош Перовиќ, Ненад Ѓуриќ и Стеван Павичевиќ. Северната бригада создадена од Андреј Вучиќ, Милан Радоичиќ, Звонко Веселиновиќ и Радуле Стевиќ, поврзана со организацијата SP, Русија, Академија на науки на Србија – Народна патрола Дамњан Кежевиќ, Данило Вучиќ (син на претседателот на Србија) и Александар Филиповиќ. Познато е дека оваа игра ја играат претседателот на Србија Вучиќ, неговиот брат Андреј, неговиот син Данило, поглаварот на БИА Александар Вулин и министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ“, напиша Муја.

Тој изјави дека „Северната бригада и Цивилната заштита треба да бидат прогласени за терористички организации, бидејќи главните луѓе на овие банди се зад барикадите што блокираат некои патишта на северот на Косово“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот