Обединетите Арапски Емирати првпат испраќаат жена-астронаут во вселената

Обединетите Арапски Емирати првпат во својата историја испраќаат жена на обука за астронаут во НАСА за идните истражувачки мисии во вселената, напиша на Твитер премиерот и потпретседател на ОАЕ, шеик Мохамед бин Рашид Ал Мактум.

Нура ал-Матруши е првата жена избрана за астронаут, заедно со Мохамед ал-Мула меѓу група од над од 4 000 потенцијални кандидати. Таа на социјалните мрежи ја изрази својата благодарност и возбуда што е избрана.

– Настојувам да работам напорно за да ги забележам овие историски моменти и достигнувања засекогаш во меморијата на нашиот народ, напиша Ал-Матруши.

Според „Араб Њуз”, четворица астронаути биле избрани од ОАЕ, а другите двајца се Султан ал-Нејади и Хаза ал-Мансури, кој е првиот човек од Емиратот што летал во вселената.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот