Нуркиќ подобар во балканската пресметка против Јокиќ, Лејкерси го освоија Западот и се опуштија (ВИДЕО)

epa06676138 New Orleans Pelicans forward Anthony Davis (L) defends against Portland Trail Blazers center Jusuf Nurkic of Bosnia (R) in the second half of their Western Conference First Round NBA game at the Moda Center in Portland, Oregon, USA, 17 April 2018. EPA-EFE/STEVE DIPAOLA SHUTTERSTOCK OUT

Портланд го совлада Денвер и ја продолжи битката за осмото место во Западната конференција со Мемфис гризлис.

Портланд славеше со 125:115, а иако Лилард доминираше со 42 поени и 12 асистенции, натпреварот го одбележа дуелот на центрите, Јусуф Нуркиќ од едната страна и Никола Јокиќ од другата.

Токму Нуркиќ со пет поени и една асистенции во серијата од 13:2 во последната четвртина, беше најзаслужен за победата на неговиот тим со која остана во трката за осмото место на Западот.

Нуркиќ постигна 22 поени, а на спротивната страна Мајкл Портер постигна 27 поени, додека Јокиќ натпреварот го заврши со осум поени и 13 скокови.

ЛА Лејкерс се опушти откако ја обезбеди првата стартна позиција во Западот во плејофот и го доживеа вториот пораз во низа, овој пат од Хјустон со 113:97.
Лејкерси настапија без Леброн Џејмс, а „ракетите“ уште во првото полувреме дојдоа до предност од 15 поени и до крајот го контролираа резултатот и не дозволија победата да им биде загрозена.

Џејмс Харден беше одличен со 39 поени и 12 скокови, додека кај Лејкерси Кајл Кузма уфрли 21 поени, а Ентони Дејвис дадде 17 поени.

Вториот тим од Лос Анџелес, Клиперси во последната четвртина ја осигураа победата над Далас од 126:111. Тие последните 12 минути ги решија во своја корист со 35:24, а клучна беше серијата од 12:2.

Каваи Ленард беше најпрецизен со 29 поени кај клиперси каде брилјираше Хрватот Ивица Зубац со 21 поен и 15 скокови, додека во редовите на Далас, Порзингис постигна 30 поени, а Лука Дончиќ еден помалку.

Резултати:
ЛА Клиперс – Далас 126:111
Портланд – Денвер 125:115
ЛА Лејкерс – Хјустон 97:113

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот