Нумерологијата открива какви сте вие, но и каков е вашиот партнер меѓу чаршафите
Препорачано
Со помош на Нумерологијата обидете се да откриете што претпочита вашиот партнер во креветот, а можеби ќе ги запознаете и сопствените скриени желби.
За да го дознаете вашиот нумеролошки број, сведете го датумот на раѓање на една цифра. На пример, лице родено на 2 октомври 1976 година го пресметува својот нумеролошки број на следниов начин:
2+1+1+9+7+6 = 26 = 8
Број 1
Единиците се иницијатори и го преземаат водството. Тие сакаат да имаат надмоќ и целосна доминација над партнерот. Често можат да покажат грубост и агресивност. Тие се страстни, и склони се кон експериментирање.
Број 2
Двојките се нежни и чувствителни. Тие го доживуваат сексот како длабока интимност и целосно соединување со партнерот. Тие се подготвени за прилагодувања, но знаат да обезбедат незаборавни моменти во креветот.
Број 3
Тука сексот е примарна човечка потреба. Сепак, тројките уживаат во играта на заведување, како и во предиграта, а кога ќе дојде до самиот секс, изостанува фантазијата.
Број 4
Ова е единствениот број што може да го контролира сексуалниот нагон. Постои можност за блокада и чувствителност. Меѓутоа, ако се надминат бариерите, четворките можат да бидат многу интензивни на ова поле.
Број 5
Петките се меѓу најстрастните љубовници. Од друга страна, заради изразеното либидо, тие се во состојба да покажат и насилни манири.
Број 6
Секс со цел продолжување на врската. За шестките сексот има за цел потомство. Тие се нежни и традиционални.
Број 7
Партнерот мора да ја задоволи седмицата на интелектуално ниво со цел сексуално да ја привлече. Таа е многу суетна и се сака себеси пред сѐ, па затоа практикува мастурбација наместо да влегува во површни врски.
Број 8
Осмиците се познати по тоа што имаат голем број партнери во текот на животот. Тие многу го сакаат сексот и го споредуваат со материјалната моќ.
Број 9
Кога станува збор за секс, ова се најголемите освојувачи и заводници. Тие го доживуваат партнерот со сите свои сетила, но ретко остануваат верни.


