Нухиу: Не се 70 илјади, туку 2.500 Албанци без државјанство

Од кога ДУИ е дел од извршната власт, 13.000 Албанци добија државјанство во Северна Македонија. Ова го изјавил заменик министерот за правда Агим Нухиу во интервју за локаллната гостиварска ТВ Глоби, пренесува „Слободен печат“.

Тој објаснил дека од податоците што ги поседувал од Министерството за внатрешни работи додека бил тамошен функсионер, но и сега во Министерството за правда, бројот на Албанци без државјанство не надминува 2.500.

-Од кога е ДУИ е на власт над 13.000 Албанци се стекнале со државјанство. Не се ниту 1,100, ниту 1.000, туку 13.000 Албанци. Со целосна одговорност го велам ова, дури и институционално од сегашната позиција што ја имам, но и од претходната позиција што ја имав, во постапката за стекнување државјанство се 2.000 – 2.500 Албанци. И во онлајн платформата што ја отвори албанската опозиција за пријава на баратели на државјанство, бројот е 1.000 или нешто повеќе, изјави Агим Нухиу, заменик министер за правда. Тој ги нарекол пропаганда изјавите на албанската опозиција дека во земјата има 70.000 Албанци без државјанство.

-Дали сè уште има Албанци без државност, се разбира дека има, има ли препреки, да има. Но, нивниот број не е 70.000, како што тврдат челниците на албанската опозиција, за да создадат тема, да покажат дека се разбудиле и дека се занимаваат со проблемите на Албанците. Ние, се разбира, ја поддржуваме секоја иницијатива, дури и кога тоа доаѓа од опозицијата, затоа, дури и на собраниската седница, пратениците на ДУИ гласаа за потребата од дополнување и измена на Законот за државјанство инициран од опозицијата. Сепак, не е добро да се манипулира со овие чувствителни теми, изјави Агим Нухиу, заменик министер за правда, пренесува „Слободен печат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот