Ново осветлување кај мостот на патот Кадино-Миладиновци

Фото: Општина Илинден

Нова линија за улично осветлување е поставена во делот кај мостот на локалниот пат Кадино-Миладиновци во должина од 500 метри. Од Општина Илинден информираат дека се поставени метални столбови со лед светилки, соодветни сообраќајни знаци, метална заштитна ограда од двете страни на мостот, поставена е флуросцентна патна сигнализација долж целиот потег, како и флуросцентна лента по должината на мостот.

Овој дел од Општината во минатото претставуваше опасна точка за возачите, затоа што таму се имаат случено многу сообраќајни незгоди. Затоа Општина Илинден упатува апел до сите учесници во сообраќајот на поголемо вниманите, почитување на сообраќајната сигнализација како и ограничувањето на брзината на возење – велат од Илинден.

Оттаму додаваат дека заедно ЈКП „Илинден“ и во наредниот период ќе продолжат со поставувањето нови линии за осветлување во сите населени места.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот