Ново крвопролевање во Чикаго: Петмина убиени, десеттина ранети

Четири мажи и четири жени биле погодени од огнено оружје во околу 21:20 часот во близина на Гарфилд парк во вторникот на западната страна на Чикаго, а веројатно имало “неколку извршители на злосторството”, додала полицијата.

Тие итно биле префрлени во болницата во близина, каде било утврдено дека еден 38-годишен маж е во критична состојба, јавува “AP”.

Пукањето се случило 16 часа откако три жени и еден маж биле убиени, а четири лица ранети од огнено оружје во куќа во јужниот дел на градот.

Полицијата се уште не уапсила никого поради пукањата, ниту пак биле уапсени извршителите од третиот инцидент во кој бил убиен тинејџер во населбата Гаџ Парк.

Полицијата додала дека напаѓачот отворил оган на тинејџерот и на уште еден маж, кој е во критична состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот