Фото: VPC Photo / Alamy / Alamy / Profimedia

Ново „Југо“ наскоро на пазарот

Идејата за оживување на брендот „Југо“, кој беше симбол на едноставен и евтин автомобил, постои од 2008 година, кога производството во Крагуевац беше прекинато.
Германскиот бизнисмен од српско потекло Александар Бјелиќ планира да претстави нова генерација возила под ова име веќе во 2027 година. Иако за имплементација на проектот се потребни милијарда евра само за развој на прототипот, Бјелиќ е оптимист и истакнува дека преговара со потенцијални инвеститори- објави Каматица.

Најавени се два нови модели, чии модели наскоро ќе бидат претставени на јавноста:

„Југо Роудстер“: Моделот во размер 1:5 ќе биде претставен во септември во Минхен.
„Југо SUV“: Моделот ќе биде претставен во октомври во Њујорк.

Бјелиќ, исто така, најави развој на други модели, вклучувајќи хечбек со пет врати, кабриолет со четири седишта и мини-комби за комерцијална употреба.  Концептот „Југо Роудстер“ е создаден пред две години, врз основа на цртеж од македонскиот дизајнер Дејан Христов. Неговата визија беше да се зачува идентитетот на оригиналното „Југо“, но да се усогласи автомобилот со модерниот дизајн и технолошките трендови. Христов го замисли својот родстер како поевтина алтернатива на спортските автомобили, визуелно сличен на моделот „Тесла Роудстер“ од првата генерација.

Тој изјави дека неговата цел е да го привлече вниманието на инвеститорите и производителите, нагласувајќи дека Србија, поради својата прифатлива работна сила, може да го следи успешниот пример на „Дачија“. Иако рендерите на Христов беа само визија, пристигнувањето на нови модели под брендот „Југо“ сега станува реалност, благодарение на Александар Бјелиќ, кој ги купи правата за брендот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот