Новите корисници на ученички и студентски стипендии ги добија средствата заклучно со месец февруари

Министерство за образование и наука - табла / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

Министерството за образование и наука соопшти дека исплатени се ученичките и студентските стипендии на сите нови корисници кои доставиле договор за стипендија во предвидениот рок.

Од МОН информираат дека станува збор за 3.300 ученици и 3.000 студенти, нови корисници на кои исплатени им се средства заклучно со месец февруари 2024 година.

Одбиените кандидати за стипендија ќе имаат можност за жалба, откако електронски ќе го добијат решението во кое ќе биде наведена причината поради која апликацијата не е прифатена. Електронската испорака на решенијата се врши преку порталот Е-услуги и документот се доставува директно на профилот на ученикот, односно студентот. Ова е новина која за прв пат се воведува годинава – се вели во соопштението.

Роковите за жалба ќе течат од моментот кога ученикот/студентот ќе го прими решението. Изработката и испраќањето на решенијата се одвива етапно, по групи на стипендии и сите апликанти за стипендија ќе добијат решение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот