„Кралскиот“ клуб добива „кралски“ стадион (ВИДЕО)

EPA-EFE/Emilio Naranjo

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез го претстави проектот за реконструкција на „Сантијаго Бернабеу“ вреден половина милијарда евра со кој стадионот ќе биде еден од најмодерните на светот.

Перез пред претставниците на клубот и пред медиумите изјави дека се очекува модернизацијата на стадионот да биде завршена најдоцна до 2023 година.

– Тука се собравме за едно нешто што не спојува 117 години. Ова е е еден од најголемите проекти во историјата на фудбалот. Ова е иднината на Реал Мадрид и на самиот град. Новиот „Сантијаго Бернабеу“ ќе биде стадионот на иднината – изјави Перез.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот