НОВИОТ „ПИРЛО“: Тонали договори трансфер на кариерата, 45. милиони евра!

dailymail.co.uk/ap

Како што пренесуваат италијанските медиуми, 19-годишниот фудбалер ги договори личните услови со Јувентус, и ќе ја засили „Старата дама“ во трансфер тежок 45 милиони евра.

За неговите услуги беа заинтересирани Интер, но и некои гиганти од Премиер лигата, но тој се одлучи да се пресели во редовите на актуелниот шампион на Италија.

Претходно се шпекулираше исто така и дека ПСЖ се наоѓа во трката за талентираниот фудбалер чии игри ги гледале „скаути“ на францускиот првак.

Тонали е дете на Бреша, токму како и Андреа Пирло на стадионот „Марио Ригамонти“ ги направи првите фудбалски чекори.

За првиот тим на „лавовите“ одигра вкупно 67 натпревари, постигна шест голови и запиша 11 асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот