Фудбалски „џин“, има 12 години и игра за Севиља! (ВИДЕО)

files.laliga.es

Освен што може да се погледнат идните фудбалски ѕвезди, понекогаш во ваквата конкуренција се случува да имаме многу интересни ситуации.

Во овој случај зборуваме за физичките предиспозиции на одредени фудбалери, овојпат во центарот на вниманито се најде Ибрахима Сов кој има 12 години, но е вистински „џин“.

Ги брани боите на Севиља, вистински хит е големата разлика од аспект на неговата висина (1.75 м) и физичка сила во однос на противничките играчи.

Оваа слика веднаш се прошири на социјалните мрежи и предизвика лавина коментари. Покрај неговата висина, располага со многу голгетерски перформанси. Оваа сезона постигна 29 голови и е дефиниран како „новиот Ибра“, се мисли на шведската легенда Златан Ибрахимовиќ.

Во Севиља пред една година дојде од редовите на Малага, а во еден момент го привлече вниманието и на Реал Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот