Нови руски напади врз Одеса

Одеса, Украина/ Фото: Nina Liashonok/Ukrinform / Sipa Press / Profimedia

Руските сили во текот на ноќта извршија масовен напад со беспилотни летала врз пристанишниот град Одеса, при што беа оштетени инфраструктура и станбени згради.

Киев Индипендент пренесува дека противвоздушната одбрана (АВО) оперирала час и половина, одбивајќи ги дроновите „шахид“.

Се наведува дека борбените дронови доаѓале од правец на Црното Море.

„Украинското воено воздухопловство во текот на ноќта собори десет борбени беспилотни летала“, соопшти армијата.

Се наведува дека во овој напад, според прелиминарните извештаи, нема жртви.

Дрон удрил во инфраструктурен објект во Одеса, предизвикувајќи пожар, но пожарникарите успеале да го локализираат пламенот.

Остатоците од соборените дронови паѓале во околното подрачје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот