Нови конфликти меѓу полицијата и локалното население во Лезбос

Граѓаните, според локалните медиуми, ја скршиле влезната порта, запалиле огнови и предизвикале инциденти.

Инцидентите меѓу полицијата и локалното население на Лезбос продолжија и вечерва во близина на касарната на островот, а во исто време, портпаролот на грчката влада Стелиос Пецас најави дека од утре дел од специјалците ќе се повлечат од островите, додека пак Мицотакис ќе се сретне со локалните власти од островите.

Инцидентите од местото предвидено за изградба на затворениот центар за бегалци и мигранти на Лезбос, вечерва се префрлија во околината на касарната, каде што се засолнаа специјалните полициски единици. Граѓаните, според локалните медиуми, ја скршиле влезната порта, запалиле огнови и предизвикале инциденти.

Портпаролот на грчката влада Стелиос Пецас во интервју за ТВ „Алфа” најави дека од утре дел од полициските сили на Лезбос и Хиос ќе се повлечат, односно оние кои беа испратени за засилување на полицајците што се на островите, бидејќи завршува првата фаза од владиниот план за изградба на затворените центри.

Паралелно, утре попладне, во премиерската палата во Атина, Кирјакос Мицотакис ќе се сретне со префектот на северниот дел од Егејското Море и со градоначалниците на островите во обиде да се намали тензијата што постои во изминатите денови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот