Нови детали за Меган Маркл и принцот Хари од палатата: Меган беше навикната на холивудската услужна култура – да го добие токму она што го сака

EPA-EFE
Фото: EPA-EFE

Меган Маркл ги „разбеснила“ членовите на британското кралско семејство со нејзините Холивудски барања додека со принцот Хари живееле во Лондон.

За војвотката од Сасекс се вели дека го добивала „она што го сака кога и да посака“ како член на кралското семејство.

Во ажурираната верзија на книгата „Battle of Brothers“, еден кралски дописник му кажал на авторот Роберт Лејси дека Вилијам и Кејт се „горди што се однесуваат кон нивниот персонал како семејство“, пишува „The Sun“. Изворот наводно рекол дека тие се навистина љубезни со своите работници.

epa-efe
EPA/STEPHANIE LECOCQ

Значи, ова беше многу длабок судир на филозофииМеган беше навикната на холивудската услужна култура – да го добие токму она што го сака – како што рече и самиот принц Хари“, рекол дописникот.

Познато е тврдењето дека Хари им рекол на вработените пред неговата венчавка со Меган: „Она што Меган го сака, Меган го добива“.

epa-efe
Фото: EPA-EFE

Како што велат кралските извори, идната невеста првично сакала круна украсена со смарагди. Но, нејзината желба се чини била во спротивност со традицијата на британското кралско семејство. Тогаш, идните војвода и војвотка од Сасекс не биле задоволни кога им било кажано дека нејзиниот прв избор е невозможен.

Имаше многу жестока расправија што ја поттикна кралицата да разговара со Хари… Таа рече: – Меган не може да има што сака. Ќе ја добие онаа круна што ќе ѝ ја дадам јас“, изјави инсајдер во тоа време.

Profimedia
Фото: Profimedia

Еден соработник на палатата подоцна за „Telegraph“ изјави: „Сите сакаа таа да биде среќна затоа што знаеја дека тоа ќе го направи принцот Хари среќен“.

Мотото на Меган беше: Направи сè што е потребно за да успее. Сите бевме многу загрижени за Хари… Наспроти оваа идеја дека тие не беа поддржани, ние се трудевме да ги задоволиме нивните потреби“, рекол изворот од палатата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот