Нови демонстрации во Каталонија, блокиран автопатот кон Франција

Фото: EPA-EFE/ALEJANDRO GARCIA

 Демонстрантите во Каталонија денеска го блокираа автопатот што го поврзува овој шпански регион со Франција, поради што сообраќајот во двата правца е во прекин.

Демонстрантите ова го направија на повик на групата „Демократски цунами”, која ги организираше и минатомесечните масовни протести кај аеродромот во Барселона, пренесуваат шпанските медиуми.

Групата во соопштение навдува дека протестите претставуваат „повик до меѓународната заедница да ја присили шпанската држава да сфати дека единствен начин е да се седне и да се разговара”.

Најновите протести се организирани само еден ден по парламентарните избори во Шпанија, пренесуваат американските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот