Нови антивладини протести во Чиле, уапсени речиси 300 лица (ВИДЕО)

Фото: Профимедиа

Протестите се честа појава во Чиле во март бидејќи луѓето тогаш се враќаат од своите летувања. Оваа година ќе се одбележи 30-годишнина од крајот на воената диктатура која траела од 1973 до 1990 година, како и Меѓународниот ден на жените.

Бран на насилство синоќа повторно изби во Чиле, предизвикувајќи до стотина апсења и прекини во јавниот превоз во престолнината Сантиаго.

Во тој шест милионски град, демонстрантите ги примораа властите да затворат неколку станици на подземната железница, а поставија и запалија барикади на неколку главни улици во градот, поради што се запрени и автобуските линии.

Министерот за внатрешни работи Гонзало Блумел на службениот Твитер профил на министерството објави дека полицијата уапсила 283 лица по судирите во кои демонстрантите гаѓале со камења и цигли кон полицијата.

Повредени се 76 полицајци, а нападнати се неколку полициски станици, рече Блумел. Насилни протести се забележани и во градовите Антофагаста, Темекула и Консепсион.

Протестите се честа појава во Чиле во март бидејќи луѓето тогаш се враќаат од своите летувања. Оваа година ќе се одбележи 30-годишнина од крајот на воената диктатура која траела од 1973 до 1990 година, како и Меѓународниот ден на жените.

Протести во оваа јужноамериканска земја избија во октомври и траеа од декември. Граѓаните го покажаа незадоволството од социјалната нееднаквост и власта на претседателот Себастијан Пинера, еден од најбогатите луѓе во оваа земја.

Тогаш загина најмалку 31 лице, повредени се неколку илјади, а уапсени се уште десетина илјади, покажуваат податоците на владата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот