Нови 81 заразени, вкупно 384 позитивни на коронавирус во Србија

Фото: МИА

Во Србија во изминативе 24 часа, од 245 новотестирани, позитивни на коронавирусот било 81 лице, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 384 лица, изјави на денешната владина прес конференција епидемиологот Предраг Кон, што преставува најголем број на потврдени случаи досега.

Кон соопшти дека во последните 12 часа хоспитализирани се 203 заболени, додека вкупно на респиратор се наоѓаат 24 лица.

На прес конференцијата беше кажано дека во Србија во 35 градови се регистрирани случаи со коронавирус, од кои најмногу заболени има во Белград-158 лица, Ниш има 40 заразени граѓани, Ваљево има 38, Нови Сад 21, Чачак 13, Крагуевац има 12 лица со потврден коронавирус, Крушевац и Чуприја имаат по 10 лица, а во Кикинда, Врање, Ужице, Зајечар, Панчево имаат помалку од 10 потврдени случаи.

Во 21 град потврден е барем еден случај.

Досега во Србија се евидентирани четири лица починати од епидемијата.

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека денешниот е далеку најтешкиот ден, со најмногу тестирани и дека утре ќе биде уште полошо.

-За првпат ќе имаме прецизна слика за тоа колку заразени лица влегле од странство. Се плашиме дека тоа е ужасно голема бројка, кажа Вучиќ, кој додаде дека донел „најлоша одлука што им дозволил на српските државјани од странство да се вратат во Србија”.

-Белград е далеку најголемо жариште, следи Ниш и Ваљeво. Кикинда беше најголем жариште на почетокот, изјави Вучиќ, кој порача дека надлежните наскоро ќе излезат со нови мерки за Белград, Ниш и Ваљево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот