Новата владеачка коалиција на Санчез ја избра Гонзалез Лаја за шефица на шпанската дипломатија

Фото: EPA-EFE/NIC BOTHMA

Гонзалес Лаја има искуство со меѓунардините односи, економијата и трговијата, а во моментов е помошник на генералниот секретар на ОН и извршен директор на Меѓународниот трговски центар.

Шпанската пратеничка Аранча Гозналес Лаја ќе биде именувана за нов шеф на шпанската дипломатија во владата на Педро Санчез, соопшти денеска новата шпанска владеачка коалиција.

Гонзалес Лаја има искуство со меѓунардините односи, економијата и трговијата, а во моментов е помошник на генералниот секретар на ОН и извршен директор на Меѓународниот трговски центар, пренесуваат американските медиуми.

Санчез во вторникот беше именуван за премиер пред шпанскиот Парламент, а се очекува членовите на неговиот кабинет свечена заклетва да положат на почетокот на следната недела.

Новата шпанска Влада ќе има четворица заменици премиери, меѓу кои е и Наѓа Калвино, која ќе биде задолжена за економијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот