Нова книга: Сегмент од историјата на македонско-хрватските културни врски

Научно-истражувачкиот труд „Хрватски театарски актери и режисери што работеле во Македонија од 1913 до 1941 година“ на писателот, публицист и истражувач Зоран Пејковски е неговата 50-та книга. Тој е еден од поангажираните писатели во македонската литература, добитник е на повеќе домашни и странски награди и признанија, а неговиот книжевен дијапазон опфаќа драмски, поетски, прозни, публицистички и научни остварувања. Рецензент на неговата нова книга е проф. д-р Димитар Пандев.

– Во научно-истражувачкиот труд „Хрватски театарски актери и режисери што работеле во Македонија од 1913 до 1941 година“ даден е само еден мал дел од сето она што се случувало на македонските сцени во односниот период, преку имињата на театарските дејци кои прераснале во легенди, зашто непокорот што им бил судбина, од светлините на европските културни центри што морале да ги напуштат поради прекројување, не само територијално, на европската мапа, како и од нивните родни места, во кои биле принудени да се почувствуваат излишни, ќе ги одведе во Македонија. Хрватските театарски актери ќе ја продлабочат историската димензија на културните врски меѓу Хрватска и Македонија и ќе се вложат во културните достоинства на македонскиот театар. И ќе донесат дел од европската култура во Македонија. Трудот на Зоран Пејковски спасува од заборав многумина од нив, го освежува нивниот драмски подвиг и ја зацврстува историјата на македонско-хрватските културни врски во еден досега недоволно допрен сегмент – констатира Пандев.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 77, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 17-18 април 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот