Нова градинка за 200 деца во Ново Лисиче

Во Ново Лисиче денеска беше пуштена во употреба нова детска градинка со капацитет за згрижување 200 деца.

– Станува збор за модерен објект во рамки на градинката „Буба Мара”, кој ги исполнува сите неопходни стандарди и обезбедува современи услови за згрижување и престој на деца од претшколска возраст”, изјави градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин.

Новата градинка содржи осум занимални со сопствени санитарни јазли и кујна на вкупна површина од 1.500 квадратни метри. Со овој објект, градинката „Буба Мара” доби двојно поголем капацитет за згрижување, со што ќе се задоволи реалната потреба на семејствата во Ново Лисиче.

Истовремено се подобрија условите за престој и воспитување на децата. Средствата за новата детска градинка од околу 40 милиони денари ги обезбеди Општина Аеродром.

Во наредниот период, како што најави градоначалникот Марин, ќе се изградат уште две нови градинки. Едната во дворот на училиштето „Блаже Конески” во населбата Мичурин, а другата кај постојниот објект на детската градинка „Црвенкапа” во Стар Аеродром.

Во иднина, најавуваат од општина Аеродром, ќе продолжиме со проценка на капацитетите за згрижување во градинките и основните училишта на целата територија на Општина Аеродром. Ќе интервенираме каде што е потребно, со цел да обезбедиме институции, кои нудат квалитетни услови за згрижување, образование и развој во сите делови од општината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот