Нов Вардар, нови обичаи: Михајловски ги однесе ракометарите на вечера (ФОТО)

фото: РК Вардар

Ракометарите на Вардар минатиот викенд ги стартуваа подготовките за новата сезона во која ги очекува настап во домашните натпреварувања, СЕХА Лигата и во Лигата на шампионите.

Вардар во новата сезона влегува со ново-старо раководство, Михајло Михајловски го презеде управувањето на „црвено-црните“ од Сергеј Самсоненко на кого му го предаде тимот во 2013 година, а денеска ги однесе ракометарите на заедничка вечера.

Михајловски и вардарци на вечера/фото: РК Вардар

Михајловски за време на краткиот говор им ги образложил амбициите и очекувањата во новата сезона, пласман во четвртфиналето во ЛШ, фајналфор во СЕХА лигата и титули во домашните натпреварувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот