Нов случај на труење од газиран сок во Загреб, момче итно е примено во болница

Нов случај на труење со газиран пијалок се појави и во Загреб. Во клиничкиот центар во главниот град на Хрватска е примено младо лице поради сомнение за хемиско труење од газирани пијалоци. Засега не е позната здравствената состојба на лицето.

Од полициската управа во Загреб за Н1 потврдија дека денеска околу 15 часот добиле пријава од медицинска установа за пациент со повреда на грлото. Од таму информирале дека дечкото конзумирал безалкохолен пијалок. Се проверуваат детали, соопшти полицијата.

Предходно денеска Кока-Кола Хрватска потврди дека еден случај со труење во Риека е поврзан со нивен пијалак. Објавата следела откако од вчера на социјалните мрежи се ширела порака со предупредување до граѓаните да не пијат сокови и вода од познатиот производител бидејќи предизвикуваат хемиски повреди на хранопроводникот и желудникот. Во пораката, меѓу другото, се наведува дека наводно неколку лица биле затруени од минерална вода во угостителски објекти во Риека.

„Свесни сме за изолиран случај поврзан со едно стаклено шише „Romerquelle Emotion Blueberry Pomegranate“ 330 мл. Ја изразуваме нашата длабока загриженост и се надеваме за брзо и целосно закрепнување на лицето вклучено во овој случај“, соопштија од компанијата.

Дополнително, се додава дека се „целосно отворени за соработка со сите надлежни органи“. Случајот е пријавен во полиција, која соопшти дека на 4 ноември добила пријава дека на едно лице му се слошило додека консумирало безалкохолен пијалок во угостителски објект во Риека.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот