Нов скандал во Скијачка федерација на Македонија

Додека се чека изјаснувањето на Централниот регистар во врска со одлуката на Второстепената Владина комисија која според неофицијални информации ги уважила аргументите на македонскиот олимпиец Дејан Пановски, кој сега треба да биде впишан како легитимно избран претседател на Скијачката федерација, денес поранешниот технички секретар К.H. е забележан како во возило ја шета целата документација на оваа спортска федерација.

Правниот тим на Дејан Пановски смета дека се работи за огромен скандал, бидејќи се работи за службената документација чие единствено место и е во официјалната архива на Скијачката федерација. Се сомневаат дека некој може да се обиде да ја уништи целата архива за да се прикријат трагите за евентуалниот фалсификат, со кој мала група со политички притисок сакаше да наметне нелегално направен избор за конечно решение.
Најавуваат кривична пријава до МВР за неовластено располагање со службена документација.


Комерцијален ПР текст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот