Нов парк отворен во Топанско Поле

Парк на површина од 9.200 м2. денеска беше промовиран во Топанско Поле.

Во новиот парк се засадени триесетина садници и листопадни и зимзелени, како дел од засиленото зазеленувањето на Скопје и есенското садење на над 7000 садници на територијата на градот.

Директорот на ЈП „Паркови и зеленило”, Ардијан Муча информира дека инвестицијата за новиот парк е во износ од 6 милиони и 100 милјади денари и е дел од потпишаниот договор за меѓуопштинска соработка на Градот Скопје со општините.

– Инвестицијата е од страна на Градот Скопје во делот на реконструкцијата на паркот и поставувањето на системот за наводнување, а делот за поставување на урбаната опрема од страна на Општина Чаир, рече Муча.

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов истакна дека во паркот целосно е уредено зеленилото и е поставен целосно нов систем за наводнување за да се спречи сушење на вегетацијата.

Шилегов на новинарско прашање одговори дека наредната година Градот Скопје за зеленило ќе потроши над 200 милиони денари.

Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу рече дека во иднина ќе се сретне со граѓаните за да ги слушне новите идеи и барања за надополнување за активностите во овој парк и за фан зона. Тој апелира да се зачуваат парковите и зеленилото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот