Нов концепт на исхрана за специјални полициски единици

Оливер Спасовски во посета на новата менза во полицискиот центар „Ѓорче Петров“/ Фото: МВР

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изврши увид во функционирањето на новиот концепт на исхрана на полицијата од повеќе специјални единици во полицискиот центар „Ѓорче Петров“. Како што соопшти Спасовки, новиот концепт се применува веќе една недела и во мензата на Единицата за брзо распоредување, а според него се покажал како успешен и во рамки на Специјалната антитерористичка единица – „Тигар“.

Воспоставувањето на новиот концепт во кујната и ресторанскиот дел, како што потенцираше министерот се спроведени по претходна транспарентна набавка.

Оливер Спасовски во посета на новата менза во полицискиот центар „Ѓорче Петров“/ Фото: МВР

Денеска, кујната и ресторанскиот дел се отстапени на економски оператор по претходно спроведена транспарентна јавна набавка каде од операторите се бараше да исполнат високи стандарди, со воспоставен контролен механизам од страна на МВР. Со ова обезбедивме квалитетна услуга во делот на исхраната за припадниците на специјалните полициски единици, набавката на храна се одвива на поедноставен начин од страна на професионален оператор чија што примарна дејност е работа во областа на исхраната, кој пак е должен да ги следи и имплементира високите стандарди во овој процес, изјави тој.

Додаде дека еден од стратешките приоритети со доаѓање на функцијата министер за внатрешни работи е токму и целосното опремување и унапредување на условите за работа на полициските службеници.

Оливер Спасовски во посета на новата менза во полицискиот центар „Ѓорче Петров“/ Фото: МВР

Функционирањето на безбедносниот систем е основа за функционирање на правната држава со тоа и на економијата и прогресот на државата и во таа насока продолжуваме да ја реформираме и унапредуваме полицијата, вели министерот Спадовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот