Нов кикс на Сити во Премиер лигата (ВИДЕО)

twitter/Premier League

Њукасл уште еднаш покажа дека е тврд орев за фаворитите за титулата во Премиер лигата, а денеска тоа на своја кожа го почувствува шампионот Манчестер сити кој одигра само 2:2 и го губи чекорот со Ливерпул.

„Граѓаните“ поведоа во 22. минута со голот на Рахим Стерлинг, но радоста на гостите траеше само три минути бидејќи Вилемс донесе израмнување.

Во продолжението фудбалерите на Манчестер сити се одлучија за нивната препознатлива игра со доминација во поседот и да ја чекаат шансата.

„Граѓаните“ ја дочекаа својата шанса во 82 минута кога Кевин де Брујне со еврогол донесе предност од 1:2. И кога се мислеше дека шампионот ќе слави на тешкото гостување, Џонџо Шелви постигна гол за израмнување и шок на „граѓаните“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот