Нов бизнис на Џордан: Формира тим во Наскар серијата

Легендарниот Мајкл Џордан и тројниот победник на Дејтона 500 трката, Дени Хемлин ги здружија силите и формираа тим во Наскар купот.

Засега новиот тим на Џордан и на Хемлин ќе има само еден возач, Баба Валас кој е единствен црномурест возач во Наскар, додека легендарниот НБА кошаркар ќе биде вториот Афроамериканец кој е сопственик на тим.

На почетокот од годината, Валас имаше кампања против истакнување на знамето на Конфедерацијата на трките во Наскар и успеа да добие поддршка од останатите возачи во бробата против расната нееднаквост.


Мајкл Џордан при формирањето на тимот истакна дека планот му е со тимот да ја едуцираат новата публика и да создадат повеќе можност за Афроамериканците во авто-мото спортот.

– За време на историјата Наскар се мачеше со разновидноста и имаше само неколку црномурести сопственици на екипите. Мислам дека сега е идеалното време да се направи ваков тим бидејќи Наскар еволуира и ги прифаќа социјалните промени – изјави Џордан.

Валас пред неколку месеци беше цел на напад на расна основа кога во неговата гаража беше пронајдено јаже за бесење, но истрагата на ФБИ покажа дека јажето долги години стоело во гаражата и дека со него се затвора вратата.

– Ова е неверојатна можност за мене која се добива еднаш во животот – изјави Валас.

Тимнот на Џордан и Хемлин во Наскар ќе дебитира наредната година, а името, бројот и кој автомобил ќе го вози Валас ќе биде објавено дополнително.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот