Носење на маска на отворено од вчера е задолжително во Шпанија

Фото: EPA-EFE/J.J. GUILLEN

Во Шпанија, како дел од борбата против ковид-19, од вчера е задолжително носење на маска на целата територија, дури и кога има дистанца од 1,5 метри. Тоа значи дека маски ќе се носат дури и во парковите и на плажите.

– Важно е граѓание да знаат дека не треба да се опуштаат. Не можеме да дозволиме да бидеме невнимателни, истакна портпаролката на шпанската Влада, Марија Хесус Монтеро.

Таа додаде дека маски не мора да носат само спортистите, ако тоа го дозволат регионалните власти.

Носењето маска во Шпанија е задолжително од мај минатата година. Но, досега тоа не беше пракса на отворено, каде можеше да се држи дистанца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот