Норвешкиот амбасадор Јорн Јелстад во посета на Охрид

Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески денеска имаше работна средба со амбасадорот на Кралството Норвешка во Македонија, со седиште во Белград, Јорн Јелстад кој беше во официјална посета на Охрид.

На средбата било разговарано за посветеноста и заложбите на локалната и централната власт во насока на исполнување на препораките на УНЕСКО и имплементација на Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион.

Георгиески го информираше амбасадорот за актуелните активности за уредување на крајбрежјето на Охридското Езеро и за важните инфраструктурни проекти што во моментот ги реализира Општината. На средбата било разговарано и за можностите за продлабочување на соработката помеѓу охридската локална самоуправа и амбасадата на Кралството Норвешка и реализација на заеднички проекти.

Во рамки на посетата, придружуван од градоначалникот Георгиески, норвешкиот амбасадор Јелстад посети неколку културни знаменитости во Стариот дел на Охрид и уживаше во езерска пловидба по Охридското Езеро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот