Ноле тренира со „Шефињо“: Ѓоковиќ подготвен за Абу Даби! (ФОТО)

фото: фејсбук

Српскиот тенисер од 19-21 декември ќе настапи на егзибицискиот турнир „Мубалада“ во Абу Даби, како загревање за тоа што го очекува во јануари во Австралија. Новак Ѓоковиќ на стартот од 2020. година ќе ги брани боите на репрезентацијата на Србија на премиерниот АТП куп.

Потоа, ќе учествува на турнирот во Аделајд, како еден „тест“ пред учеството на првиот грен слем „Австралија опен“. Веќе со полни сили тренира заедно со својот тренер Горан Иванишевиќ или како што го нарекува во својата објава на Твитер, „Шефињо“.

После тренингот тој ја сподели сликата со Хрватот и напиша:

– „Ноќна сесија со Горан Шефињо“!

Претходно беше објавено дека Ѓоковиќ е тенисер на деценијата според АТП што е нова потврда на неговата доминација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот