Нова потврда за доминацијата: Ѓоковиќ е тенисер на деценијата според АТП

twitetr/djokernole

Само неколку денови откако специјализираниот сајт „tennis.com“ го прогласи Новак Ѓоковиќ за тенисер на деценијата, денеска потврда за успесите и доминацијата дојде и од АТП. Ѓоковиќ е прогласен за тенисер на деценијата и според АТП, а друштво во најдобрата петорка во последните години му прават уште и Рафаел Надал, Роже Федерер, Енди Мареј и Станислас Вавринка.

Од 2010 година па досега, Ѓоковиќ освои 61 титула, од кои 15 се грен слем титули, четири се од завршниот Мастерс, а победи дури и на 29 турнири од серијата 1.000. Во еден момент, српскиот тенисер беше шампион на сите четири грен слем турнири и стана првиот тенисер со вакво постигнување по легендарниот Род Лејвер.

Исто така Ѓоковиќ е првиот тенисер кој победи на сите мастерс турнири од серијата 1.000, а дури пет пати ја завршуваше годината на првото место на АТП ранг листата.

Рафаел Надал кој е втор во изборот на АТП на тенисери на деценијата, триумфира на 48 турнири, од кои 13 беа грен слем, а 20 мастерс турнири. Тој беше четири пати на првото место на АТП ранг листата на крајот од годината.

Роже Федерер победи на 42 турнири, на грен слем турнирите триумфираше шест пати, два пати на завршниот Мастерс, додека на мастерс турнирите од серијата 1.000 победи 12 пати.

Енди Мареј од 2010 година е побогат за 32 трофеи, три грен слем, еден завршен застерс и 10 мастерс титули од серијата 1.000.

Најдобрата петорка во изминатата деценија ја комплетира Станислас Вавинка кој освои 15 трофеи, од кои три се грен слем и еден Мастерс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот