Нобелова награда за економија за 2020 година: Ласкавото признание за Американците Милгром и Вилсон

Фото: EPA-EFE/ANDERS WIKLUND SWEDEN OUT

Американските економисти Пол Милгром и Роберт Вилсон се добитници на Нобеловата награда за економија за 2020 година за унапредување на теоријата на аукции и иновација на нови формати на аукции, соопшти денеска шведската Кралска академија на науките.

– Новиот формат на аукции е убав пример како со истражување на основите може дополнително да се креираат изуми кои му користат на општеството, се наведува во соопштението на Академијата.

Нобеловата награда за економија е во вредност од 10 милиони шведски круни (1,14 милиони долари) и не е една од петте изворни награди востановени во 1895 година од пронаоѓачот на динамитот Алфред Нобел. Нобелова награда за економија првпат е доделена во 1969 година.

Минатата недела во Стокхолм беа објавени лауреатите на Нобеловата награда за медицина, за физика, за хемија и за литература, а во Осло беше објавен добитикот на Нобеловата награда за мир.

Нобеловата награда за медицина ја добија Британецот Мајкл Хотон и Американците Харви Алтер и Чарлс Рајс додека Роџер Пенроуз, Рајнхард Генцел и Андреа Гез се добитници на Нобеловата награда за физика за 2020 година за откривање на црните дупки.

Французинката Емануела Шарпантје и Американката Џенифер А. Додна се лауреати на Нобеловата награда за хемија за развој на методата за модифицирање на геномот.

Нобеловата награда за литература оваа година ја доби американската поетеса Луиз Глик, а Нобеловата награда за мир и припадна на Светската програма за храна и лекови на Обединети нации за напорите во борбата против гладта и недостигот на храна ширум светот.

Наградите традиционално се врачуваат на 10 декември, денот кога почина Нобел (1833-1896), но церемонијата во Стокхолм е откажана поради пандемијата со ковид-19, а во Осло ќе биде одржана церемонија во помала сала.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот