НЛБ Банка ПРЕДУПРЕДУВА: Непознати лица испраќаат лажни меилови

НЛБ Банка Скопје/ Фото : Архива

НЛБ банка предупредува дека непознати лица испраќаат лажни е-мaил пораки и дека некои од клиентите веќе ги добиле на своите адреси. Сепак станува збор за фалсификуван идентитет на НЛБ банка, а во маилот е искористено и логото на банката.

„Во текот на денот се испратени лажни е-меил пораки од страна на непознат испраќач кој фалсификувајќи го идентитетот на НЛБ Банка АД Скопје и користејќи го логото, се обидува да извлече доверливи податоци од целната група до која е испратен овој маил (притоа постои можност овие лажни пораки да содржат злонамерни малициозни датотеки како прилог). Одредени физички и правни лица (клиенти меѓутоа и лица кои не се клиенти на Банката) добиваат пораки од маил адресата: <[email protected]>, со предмет на порака: Re:Плаќање и прилог датотека со наслов: NLB-Ажурирани информации за плаќање doc.r11, стои во известувањето од НЛБ банка, вчера.</[email protected]>

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот