Њукасл ја доби првата корпа, Конте ги одби милионите од саудискиот принц

Антонио Конте би можел да седне на клупата на „црвените ѓаволи“/ фото: EPA-EFE/Friedemann Vogel

Њукасл пред два дена стана најбогатиот клуб на светот откако беше купен од страна на Саудискиот ивестициски фонд кој е под надчежност на принцот Мохамед бин Салман.

Новите сопственици на англискиот тим веќе се фатија за работа и почнаа да ги договораат првите трансфери. Приоритетна задача на управата е да се најде нов тренер бидејќи јасно е дека Стив Брус нема да остане долго на клупата.

Иако се најбогат клуб, Њукасл веќе ја доби првата корпа бидејќи и италијанските и англиските медиуми пишуваат дека првиот избор за клупата, Антонио Конте ја ја одбил понудата.

Следно име на списокот на желби е тоа на актуелниот менаџер на Ренџерс, Стивен Џерард, а потоа следуваат Пауло Фонсека кој минатата сезона седеше на клупата на Рома и Френк Лампард.

Што се однесува до играчите, во зимскиот преоден рок може да пристигне Мауро Икарди кој со доаѓањето на Лионел Меси го загуби местото во ПСЖ, како Филипе Кутињо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот