Ниту Јанис, ниту Пол, Лејкерси планираат да формираат голема тројка со ѕвезда на Хјустон 

twitter/nba

Тимот од Лос Анџелес има пеколен план за доминација во НБА лигата.

ЛА Лејкерс се наоѓа на две победи од пласман во големото НБА финале кои би им било прво по пауза од 10 години. Лејкерси предводени од Леброн Џејмс и Ентони Дејвис имаат водство од 2:0 во победи против Денвер нагетс во финалето на Западната конференција.

Но, управата на ЛА Лејкерс не седи со скрстени раце и веќе се прават планови за наредната сезона кога „езерцата“ сакаат да ангажираат уште една голема НБА ѕвезда и да создадат голема тројка со која би доминирале во наредните години.

Во медиумите во САД се пишуваше дека Крис Пол од Оклахома сити тандерс ќе дојде во лејкерси, а се споменуваше и името на најдобриот играч во лигата, Јанис Адетокумпо, но управата има во план друго име.

Имено, „езерцата“ сакаат да го ангажираат бекот на Хјустон рокетс, Расел Вестбрук.
Поранешниот МВП играч на лигата, минатата година преку размена пристигна во Хјустон шампионските амбиции на „ракетите“ се распрснаа во второто коло од плеј-офдот кога загубија токму од ЛА Лејкерс со 4:1 во победи.

По новото разочарување, во Хјустон одлучија да направат реконструкција на тимот и неа ја започнаа со разделбата со тренерот Мајк Дантони, а според најавите на управата, единствено Џејмс Харден е сигурен дека и во иднина ќе остане во тимот.

Лејкерси сакаат да го искористат тоа и веќе подготвија понуда до Хјустон за да го добијат Расел Вестбрук.
Тие се подготвени во Хјустон да ги испратат ветераните Ражон Рондо, Дени Грин, Кентевиус Колдвел-Поуп и Џавал Мекги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот