Ниту 75 милиони евра не се доволни за потписот на Кулибали

Калиду Кулибали, фудбалерот на Наполи/Фото: EPA-EFE/CESARE ABBATE

Наполи и Калиду Кулибали преговараат за продолжување на договорот на играчот, откако ниту еден клуб не може да ги плати бараните пари за него, информира „Кориере дело Спорт”.

Претседателот на клубот Аурелио Де Лаурентис тврдеше дека нема да го ослободи дефанзивецот за помалку од 100 милиони евра.

По избувнувањето на пандемијата на коронавирус, се зборуваше за намалување на бараната сума од 75-80 милиони евра, но и сега никој не е во можност да одвои такви бројки за услугите на играчот.

Најновите информации велат дека Манчестер сити понудил околу 75 милиони евра, но се чини дека тоа не е доволно за Де Лаурентис. Манчестер јунајтед и Ливерпул се останатите клубови што се заинтересирани за Кулибали.

Важечкиот договор на Сенегалецот со Наполи е до јуни 2023 година, што им отежнува на кандидатите за него.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот