Ништо од трансферот кај Меси, Иниеста пред промоција во новиот клуб

Фото: EPA-EFE/JIJI PRESS

Aндрес Иниеста откако неодамна го напушти Висел Кобе е пред нов ангажман.

Иниеста се поврзуваше со враќање во Европа, но и со трансфер кај Меси во Интер Мајами, но изгледа дека ништо од тоа нема да се случи. Според најавите, Иниеста ќе се пресели во Обединетите Арапски Емирати.

Шпанскиот фудбалер за врска е пред потпис со ФК Емирати кој во минатата сезона избори промоција и враќање во највисокиот ранг во фудбалот во оваа земја.

Еден од најзаслужните за враќањето на клубот во друштвото на најдобрите беше српскиот стратег Милан Мириќ кој оваа сезона нема да биде тренер и ќе има друга улога во клубот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот