Нинова за првата средба со „Има таков народ”: Имаме повеќе заеднички интереси, отколку разлики

Корнелија Нинова, БСП / Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Националниот совет на Бугарската социјалистичка партија утре ќе разговара за преговорите и, доколку добие мандат, разговорите ќе продолжат

Лидерката на бугарските социјалисти, Корнелија Нинова, по разговорите со партијата „Има таков народ”,  која победи на парламентарните избори во Бугарија, оцени дека тоа што денеска се случи е прв добар чекор кон разговори и дијалог за договор за воспоставување на идната бугарска Влада.

Меѓутоа, според дописникот на МИА од Софија, меѓу двете партии остануваат некои разлики. Националниот совет на Бугарската социјалистичка партија утре ќе разговара за преговорите и, доколку добие мандат, разговорите ќе продолжат. Нинова коментира дека меѓу нив има повеќе заеднички работи отколку разлики.

Лидерката на БСП коментираше дека тие се против приватизацијата на Бугарската државна банка за развој и дека се против давањето концесија за автопатите во Бугарија и се за зголемување на пензиите. Таа појасни дека БСП сака ова да се случи сега, додека „Има таков народ” сака тоа да го сторат следната година.

Лидерката на БСП коментираше и дека има три теми за кои треба да се разговара, вклучително и Република Северна Македонија и Истанбулската конвенција, но дека до нив не стигнал редот за размена на ставови.

Двете партии изразија блиски ставови во врска со реформите во судството, што бара промена на Уставот и време тоа да се направи. БСП, исто така, побарала нов закон за Комисијата за конфискација на нелегално стекнат имот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот