Никој во Аргентина по Меси нема да ја носи „десетката“

Фото: EPA-EFE/Juan Ignacio Roncoroni

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Аргентина, Клаудио Тапија потврди дека никој по Меси нема да ја носи „десетката“ во репрезентацијата на Аргентина.

Тапија не кажа кога Меси ќе се повлече и до кога ќе игра за Аргентина, но кога Меси ќе каже „збогум“ на „Гаучосите“, „десетката“ ќе биде повлечена.

„Кога ќе се збогува со репрезентацијата, никој во Аргентина повеќе нема да го носи тој број на дресот. Тоа е најмалку што можеме да направиме за него по сè што направи за аргентинскиот фудбал“, изјави првиот човек на аргентинскиот фудбал.

За Аргентина Меси досега одигра 180 натпревари и постигна 106 голови, а во Катар во 2022 година стигна до толку посакуваната светска титула.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот