Нигерија: Ослободени 67 мажи измачувани во исламско училиште

Вооружени напаѓачи сеат страв во Нигерија/ фото: ЕПА

Полицијата во Нигерија спасила 67 мажи, меѓу кои и неколку деца, од исламско училиште, во кое биле измачувани, пренесуваат тамошните медиуми.

Во рамките на истрагата, 67 мажи на возраст од 7 до 40 години биле пронајдени во училиштето.
Откриено е дека жртвите биле врзувани со синџири и биле нехумано третирани, стои во соопштението на нигериската полиција.

Една жртва истакнала дека тие биле и сексуално искористувани, а некои од нив биле тепани до смрт, во временски период од две години кој го поминале во тоа училиште.

Полицијата уапсила 78-годишен маж во врска со овој случај.

Исламските училишта, познати како Алмаџирис, се вообичаени во Нигерија, а според податоците на една невладина организација, околу 10 милиони деца посетуваат вакви училишта.

Нигерискиот претседател Бухари во јуни годинава изјави дека владата планира да ги забрани тие школи, но до денеска тоа не е направено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот