Независниот синдикат на професионални војници најави протест пред Владата

Независниот синдикат на професионални војници (НСПВМ) најавува дека од денеска започнува штрајк пред Владата. На ваков чекор се одлучиле бидејќи, како што велат, веќе две години Владата за дел од професионалните војници не презема никакви активности за префрлување во друга институција.

-Согласно член 40а од Законот за служба во Армијата, професионалните војници со наполнување на 45 години старост се префрлуваат во други сродни институции. Но веќе 2 години од страна на Владата за дел од професионалните војници не се превземени никакви активности за префрлување во друга институција. Затоа НСПВМ превзема активности со своите членови и на ден 22.05.2022 година пред Владата на РСМ ќе постави шатор и вреќи за спиење долж тротоарот пред Владата и таму ќе остане се додека не се исполни нашето барање, велат од Независниот синдикат.

Истакнуваат дека од основањето континуирано и интензивно работат за подобрување на стандардот на вработените во Армијата, на подобрување на односите Синдикат – работодавач – Министерство за одбрана, подобрување на условите за работа, инсистирање на зголемување на буџетот на МОРСМ, на подобрување на опремата за вработените, на корекции во Законот за служба во АРСМ за подобрување на условите за живот и работа на вработените.

Од НСПВМ ја повикаа министерката за одбрана Славјанка Петровска да им даде поддршка и да им се приклучи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот