Незаинтересираните мажи се најпривлечни за жените

Мажот ќе ја привлекува жената ако таа не е сигурна во тоа какво мислење има тој за неа и што чувствува. Ова го потврди истражување на научници од Универзитетите Вирџинија и Харвард, кое опфатило 247 студентки.

За да добијат поискрени и попрецизни одговори студентките не го знаеле вистинскиот мотив на експериментот, туку мислеле дека се повикани за да учествуваат во истражување околу тоа дали Facebook може да служи како страница за запознавање на партнери.

Жените кои верувале дека многу им се допаѓаат на мажите повеќе ги привлекувале тие мажи од жените кои верувале дека мажите ги сметаат за просечно атрактивни.

Но, оние кои најмногу ги привлекуваат мажите биле токму девојките од третата група – оние кои не биле сигурни колку всушност им се допаѓаат мажите.

Научниците на овој начин ја потврдија вистинитоста во оние тврдења дека дискретното криење на чувствата и интересот за некоја личност, буди повеќе интерес кај другата страна, отколку ако тоа се направи директно со јавно искажување на чувствата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот