НЕВРЕМЕ ВО СРБИЈА: Паднати дрвја, поплавени улици, градот го растури ,,Егзит” во Нови Сад (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Силно невреме со ветер, дожд и град вчера ги зафати Војводина, Западна Србија и Белград.

На социјалните мрежи се објавени видеа, од кои се гледа дека невремето со град со големина на лешник ги растера учесниците на фестивалот „Егзит“ во Нови Сад.

На улиците на Белград се појавија поројни потоци, а од силниот ветар се скршени голем број дрвја.

Поради паднато дрво на патот во целосен прекин бил сообраќајот меѓу Белград и Панчево.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот